Достапни линкови

logo-print

ЕУ и НАТО: сила, но и дијалог со Русија


Шефовите на Европската унија и на НАТО изјавија дека остануваат посветени на цврстата позиција спрема Русија, но исто така и на продолжувањето на дијалогот со Москва. Тие сметаат дека треба да се задржи притисокот врз Русија поради нејзините акции во Украина и бомбардирањата врз цивили во сирискиот град Алепо.

Говорејќи на еден форум во Германија генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц повикаа на балансирана политика спрема Москва. Притоа Доналд Туск изјави:

„Некои европски политичари презентираа типична западноевропска илузија кога ја поканија Русија во Сирија, како начин за решавање на проблемот во Сирија. И сега имаме нови проблеми. Мислам, дека не треба да се опишува ситуација во Алепо денес“.

Туск исто така, рече дека цел е да се нормализираат односите со Русија, но, како што додаде, продолжувањето на санкциите на Унијата воведени по текот на анексијата на полуостровот Крим од Украина во 2014 година ништо не се променило. Тоа, според него, значи дека санкциите најверојатно повторно ќе бидат продолжени.

Европа се обидува да најде начин да и одговори на Русија за нејзините воени акции во Сирија и западните земји се едногласни во осудата на поддршката на Москва за режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Таа осуда се интензивираше откако руски и сириски воени авиони ја започнаа најголемата офанзива во над пет годишната граѓанска војна во Сирија, врз делови на градот Алепо што се под контрола на сириските бунтовници.

Некои европски пратеници повикаа Европската унија да воведе нови санкции против Русија за нејзината улога во убивањето цивили во Сирија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пак, изјави дека Русија се повеќе станува воено наметлива.

„Најмногу загрижува она што е поврзано со фактот дека тие всушност, се подготвени да употребат сила против соседите: Украина, Крим. Но, исто така, во Грузија. Тие исто така, имаат свои војници во Молдавија против волјата на молдавската влада. Значи гледаме понаметлива Русија, посилна Русија, Русија, која е подготвена да употреби сила“.

Столтенберг повика на конструктивен однос со Русија и покрај најголемите воени трошоци на НАТО од крајот на Студената војна.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц пак, наведувајќи дека Русија не треба да се прогласи за отфрлена рече дека на Москва треба да и се каже: „Го осудуваме она лошто што го правите, но ќе го задржиме каналот за дијалог отворен кога за тоа ќе бидете подготвени“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG