Достапни линкови

Лидерот на републикаците Рајан веќе нема да го брани Трамп


Пол Рајан

Пол Рајан

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес републиканецот Пол Рајан изјави дека нема да го брани републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп по неговите коменатри за жените кои предизвикаа широка осуда во земјата. Рајан рече дека тој веќе нема да биде дел од кампањата на Трамп за изборите на 8 ноември. Тоа, како што прецизира, не значи дека тој ја повлекува и неговата поддршка за Трамп, но исто така и дека веќе нема да го брани. Трамп на ова преку Твитер му порача на Рајан дека не би требало да си го губи времето борејќи се за него.

XS
SM
MD
LG