Достапни линкови

logo-print

Путин: Русија ќе ја замрзне продукцијата на нафта


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да го замрзне производството на нафта и да го поддржи ОПЕК во неговите напори да ги зголеми цените. „Веруваме дека замрзнувањето или намалувањето на продукцијата е единствен начин да се зачува стабилноста на енергетскиот сектор“ изјави тој на Светскиот енергетски форум во Истанбул. Според Путин, ниските цени на нафтата предизвикаа најдлабока рецесија во нафтените инвестиции во изминативе 45 години. Неговите коментари предизвикаа голем скок на цените на нафтата за над долар ипол по бараел и сега еден барел на Лондонската берза чини над 53 долари.

XS
SM
MD
LG