Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде облачно со кратки сончеви периоди, а попладне со повремени врнежи од дожд, на места со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, особено во северозападните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, кој ќе биде пообилен во ноќните часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 17 степени.

XS
SM
MD
LG