Достапни линкови

logo-print

Полска загрижена поради рускиот Искандер


Илустрација

Илустрација

Полска изрази загриженост поради распоредувањето на руските нуклеарни ракети Искандер во Калининград руска енклава која се граничи со Полска и Литванија. Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски вели дека ова што го прави Русија, е несоодветен одговор на активностите на НАТО.

Русија својата акција за прераспоредувањето на ракетите ја најави на 8 октомври. Руското министерството тогаш наведе дека распоредувањето е дел од рутинските вежби со тактички ракети Искандер-М, кои имаат дострел од околу 500 километри, низ цела Русија.

Ваквата акција следува во период кога се зголемени тензиите меѓу Русија и Западот околку случувањата во Сирија и Украина. Во Калининград, кој е најзападен дел од Русија се сместени руската балтичка флота, хеликоптери, радарски сирем за рано предупредување како и повеќе копнени сили.

XS
SM
MD
LG