Достапни линкови

Камбовски: Министерството не ја испочитува законската обврска


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Академиците го критикуваат реформскиот процес во образованието. На денешното одбележување на 49 годишнината од основање на МАНУ, дел од присутните академици упатија критики кон власта за спроведените реформи и за несоветувањето со МАНУ за основање на нови универзитети. Поранешниот претседател на МАНУ професор Владо Камбовски изјави дека министерството за образование не си ја исполнило својата законска обврска да ги консултира академиците за отворање на новите универзитети „Дамјан Груев“ и „Мајка Тереза“, а тоа е лоша практика. Во развиените евроспки држави има поделба на фунциите меѓу државата иа автономните сфери во кои спаѓаат науката и образованието, вели Камбовски.

„Некаде излизгал нашиот систем, па ги тргнал овие две исклучително важни креативни сфери, цетрализирајќи ги функциите во високото образование, наука и истражување во министерството за образование и од тоа произлегуваат бројни недоразбирања,“ објаснува Камбовски.

Тој посочува дека проблемите во високото образование, науката, иновациите и развојот се резултат на недоследно остварување на Болоњскиот процес кој, како што рече, е остварен само во некои елементи, односно мрежата е проширана со над 24 универзитети и над 130 факултети со над 600 студиски програми што е преобемна високообразовна сфера, која ја нема во многу поразвиени држави.

Истакна и дека треба да се обезбеди соодветно јавно финансирање за науката затоа што издвојувањето е на константно ниво на околу 0,2 проценти од БДП, независно од тоа што, како што рече, БДП од воведувањето на Болоњскиот процес е зголемен за 30-40 проценти, а државниот буџет е зголемен двојно.

Одговарајќи на новинарско прашање пак, со оглед на тоа што Академијата е критикувана во јавноста дека не е доволно гласна во своите ставови кога се работи за прашања клучни за општеството, академик Камбовски отфрла дека тие се потпаднати под политиката.

За изјавата на Камбовски со писмена реакција се јави министерството за образование. Во неа е наведено дека „единствена надлежна институција за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, е Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Македонија, тело во кое согласно законот, два члена се именуваат од редот на МАНУ, а во моментов токму еден од членовите е и академик Камбовски и тело кое е независно во своето делување и постапува согласно законските прописи и надлежности. “

XS
SM
MD
LG