Достапни линкови

Десетици илјади Авганистанци го напуштаат Кундуз


Десетици илјади Авганистанци побегнале од северниот град Кундуз поради судирите меѓу владините сили и талибанците во тој крај. Само во изминатава недела околу 24 илјади жители го напуштиле родниот крај поради засилените талибански напади, е наведено во соопштението од Канцеларијата на ОН. Според авганистанското министерство за бегалци бројот на раселени може да се зголеми и до 100 илјади.

Авганистанските војници поддржани од американските трупи се уште водат операции за расчистување на Куднуд чија контрола накратко беше преземана од талибанците.

XS
SM
MD
LG