Достапни линкови

Новинарски протест пред канцеларијата на Ципрас


Илустрација

Илустрација

Околу 200 новинари и медиумски работници од грчките приватни ТВ станици одржаа мирен протест денеска во центарот на Атина. Тие протестираа пред канцелариите на премиерот Алексис Ципрас поради можно губење работа во бранот промени што ги погодија тие станици. Десетици демонстранти го пробија полицискиот кордон и поставија протестен банер пред зградата.

Организаторите на протестот велат дека ечиси 200 луѓе ќе останат без работа во пет од седум тв станици што се уште работат, а не обезбедија лиценци на минатомесечната аукција.

Владата на Ципрас даде на продажба само четири лиценци за кои доби 274 милиони долари. Тие ќе стапат на сила во почетокот на декември.

XS
SM
MD
LG