Достапни линкови

Комисиска расправа за вонредната состојба


Пратениците во собраниската комисија го разгледуваат предлогот на Владата да се продолжи рокот на вонредната состојба прогласена поради мигрантската криза. Станува збор за продолжување на рокот за кризна состојба до јули 2017 година. На седницата министерот за одбрана Зоран Јолевски изјави дека ова барање се должи на можноста од нов мигрантски бран поради нестабилната состојба во Сирија и Ирак како и немањето на услови за 2.5 милиони мигранти кои засега се сместени во Турција.

Координаторот на пратеничката група ДУИ Талат Џафери, изјаби дека е против ваквата одлука со образложение дека е намален бројот на мигранти кои транзитираат низ Македонија.

Претседателот на Комисијата Сашо Аќимоски од ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на одлуката и рече дека е добро сега да се донесе одлуката за да се избегне можноста да се следната година да се создаде вакум простор поради наближувањето на парламентарните и локалните избори.

XS
SM
MD
LG