Достапни линкови

Пленковиќ мандатар на хрватската влада


Хрватската претседателката Колинда Грабар Китаровиќ на претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ му го врачи мандатот за составување на 14. влада на Република Хрватска.

Пленковиќ доставил 91 потпис од пратениците во Саборот. Тој најави дека очекува до 17 октомври Хрватска да добие нова влада. Тој најави дека разговорите за идните министри ќе почнат денеска и соопшти дека, наспроти гласините, во неговата влада ќе има и жени.

Според Уставот, Претседателот го доделува мандатот за составување влада на личноста, која врз основа на распределбата на пратенички места и направени консултации, ужива доверба кај мнозинството пратеници.

Тоа се вкупно 76 потписи за поддршка од пратеници, а исто толку гласови треба и за составување влада. Хрватското собрание има вкупно 151 пратеник.

XS
SM
MD
LG