Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан, загинаа десетина полицајци


Илустрација

Илустрација

Авганистанските власти соопштија дека најмалку десетина полицајци загинаа при последниот бомбашки напад во Лашкар Гах, главниот град на јужната провинција Хелманд.

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека Талибанците во тој крај започнале низа на големи напади врз безбедносните контролни пунктови. При последниот напад загинале и цивили, но засега е непозната вкупната бројка на загинати и ранети.

Талибанците засега контролираат околу 85 проценти од оваа покраина, додека само пред една година сликата беше поинаква, владата имаше контрола над 80 проценти од покраината. Во Хелманд се произведува најголемото количество на опиум во светски рамки.

XS
SM
MD
LG