Достапни линкови

Русија си присвојува воена база во Сирија


Сирискиот град Тартус

Сирискиот град Тартус

Руското министерство за одбрана соопшти дека работат на тоа сириската воена база во Тартус да ја претворат во своја постојана база. Заменикот министер за одбрана Николај Панков пред горнииот дом на рускиот Парламент истакна дека министерството привршува со изготвувањето на документација за базата која Русија ја користи во Тартус да остане во нивна трајна употреба.

„Во Сирија ние ќе имаме постојана воена база во Тартус, “ изјави Панков. Минатата недела Русија потврди дека испратила антиракетен систем во Тартус со цел спроведување на „планираната ротација“ на поморските сили на Москва во таа област.

Новинската агенција Ројтерс јавува дека руските сили во Сирија значително се зајакнати по прекинот на мировниот договор во септември.

XS
SM
MD
LG