Достапни линкови

Путин во посета на Турција


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција, каде што ќе учествува на 23. Светски енергетски конгрес во Истанбул. Предвидена е и средба на рускиот претседател со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, на која тие ќе разговараат за руско турските односи, како и за регионални и меѓународни проблеми. Предвидено е и потпишување билатерални документи, соопшти Кремљ. Посетата на рускиот претседател доаѓа по деветмесечна криза во односите меѓу Москва и Анкара поради соборениот од турските вооружени сили руски борбен во ноември минатата година.

XS
SM
MD
LG