Достапни линкови

Меркел на турнеја по Африка


Германскиот канцелар Ангела Меркел се наоѓа на турнеја по неколку африкански земји со цел изнаоѓање решение за мигрантската криза. Таа за време на посетата на Мали изјави дека на таа земјта треба да и се помогне воено и економски. Таа исто така повика на целосна примена на мировниот договор потпишан во минатата година. Властите на Мали ветија дека ќе вложат напори за сузбивање на мигрантскиот бран. Меркел во рамките на турнејата ќе престојува во Нигер, каде што Германија планира да изгради база за поддршка на мисијата на ОН и во Етиопија.

XS
SM
MD
LG