Достапни линкови

Во Грузија изборна победа на владејчката партија


Грузиската владејачка партија Сон победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат првичните целосни, но се уште неофицијални резултати. Оваа партија доби над 48 насто од гласовите, додека на второ место е опозициското Обединето национално движење со 27 проценти. Прорускиот Сојуз на патриоти доби 4,9 насто и не го исполни прагот за да влезе во парламентот. Прелиминарните резултати кои се објавени се од пропорционалното гласање со кое се избираат 77 од 150 пратеници во парламентот. Одѕивот на изборите бил над 51 насто.

XS
SM
MD
LG