Достапни линкови

Клинтон: Русија му помага на Трамп


Американскиот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон изјави дека руската влада оркестрирала сајбер напади против американски организации и поединци со цел да му помогне на нејзиниот републикански ривал Доналд Трампда биде избран за претседател. Клинтон за време на вториот директен дуел со Трамп пред изборите на 8 ноември оцени дека станува збор за кампања без преседан со оглед на тоа што се меша и една странска сила. Дебатата во Сент Луис се одржа два дена откако администрацијата на претседателот Барак Обама за прв пат го обвини Кремљ за сајбер нападите. Трамп ги отфрли ваквите наводи како смешни.

XS
SM
MD
LG