Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи. Пообилни ќе бидат во западните и северозападните делови на земјава, каде наместа се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени, а дневната од 15 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, со променлив интензитет. Температурата ќе биде од 7 до 18 степени.

XS
SM
MD
LG