Достапни линкови

ММФ ќе остане надвор од грчкиот спасувачки план


IMF

IMF

Меѓународниот монетарен фонд нема да се приклучи кон грчката спасувачка програма, но веројатно ќе прифати статус на советник со ограничени овластувања, кои ќе го задржат на преговарачката маса.

Новата улога на ММФ ќе биде повеќе од советничка, но таа нема да одговара на стриктни услови, како на пример проверки за состојбата на грчката економија на секои три месеци, изјави извор од Фондот.

Преговорите меѓу Грција и нејзините европските кредитори и ММФ се во ќор сокак откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле настојуваше ММФ да учествува во спасувачкиот план, но ги отфрли повиците на директорката на Фондот Кристин Лагард за големо должничко преструктуирање.

XS
SM
MD
LG