Достапни линкови

logo-print

Косово-Српските министри го замрзнуваат учеството во Владата


Заменик премиерот на Косово Бранимир Стојановиќ и српските министри го замрзнаа учеството во работата на Владата на Косово.

-Не можеме да се согласиме владеачката албанска партија со нашето присуство да фингира демократија.Нашиот ангажман како и досега ќе биде насочен исклучиво кон активности кои ќе придонесат за подобра положба на српскиот народ-наведоа тие во заедничкото соопштение и ги повикаа претставниците на меѓународната заедница да се ангажираат со цел решавање на новонастанатата ситуација.

Тие велат дека Владата на Косово ја одбила можноста да имаат какво било учество во процесот на одлучување за темите од клучно значење за положбата на српскиот народ како за судбината на комбинатот Трепча,но и за многу други важни одлуки.

Претходно пратениците на Српската листа го замрзнаа учеството во работат на Косовските тела поради донесената одлука за Трепча

XS
SM
MD
LG