Достапни линкови

Лавров:Чекорите на САД се закана за безбедноста на Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД преземаат "агресивни чекори" што претставуваат заканува за националната безбедност на Русија. "Ние сме сведоци на фундаментална промена на околностите и оти станува збор за агресивната русофобија која сега се наоѓа во срцето на политиката на САД кон Русија", изјави Лавров за руската државна телевизија. "Тоа не е само реторичка русофобија, туку агресивни чекори што навистина претставуваат закана за нашата безбедност", додаде Лавров. Интервјуто е објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи каде како закани се наведени зголеменото американско воено присуство долж границите на Русија, распоредувањето на ракетниот штит во Источна Европа и санкциите кон Москва за активностите во Украина.

XS
SM
MD
LG