Достапни линкови

Седумнаесет лица загинаа во напад во Турција


Седумнаесет лица загинаа, меѓу кои деветмина војници, а 27 се ранети денеска во напад со автомобил-бомба врз воен објект во југоисточниот турски округ Хакари, соопштија властите на округот.

Гувернерот на Хакари, Орхан Топрак изјави за телевизијата НТВ дека во нападот загинале деветмина војници и осуммина цивили. Од ранетите 27 лица, 11 се војници.

Нападот е извршен изутрината од бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) пред објектот Дурак во планинска област, во близина на границите со Ирак и Иран.

Силите за безбедност почнаа масовна антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили.

XS
SM
MD
LG