Достапни линкови

Метју предизвика поплави во Северна Каролина и Вирџинија


Ураганот Метју продолжува да предизвикува штети долж атлантскиот брег иако неговата сила ослабе по ударот врз Хаити каде стотина луѓе загинаа, додека најмалку четири лица загинаа во Флорида и покрај масовните напорите за евакуација. Денеска рано изутрината во Северна Каролина и Џорџија се регистрирани удари на ветрот од 165 километри на час, а стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови поради поплави. Во меѓувреме животот во Флорида се нормализира. На Хаити бројката на загинати поарди невремето изнесува 877 луѓе и покрај обидите за евакуација на десетици илјади лица.

XS
SM
MD
LG