Достапни линкови

Републиканците му ја откажуваат подршката на Трамп во пресрет на дебатата


Доналд Трамп и Хилари Клинтон попладнево по вторпат ќе си ги одмерат силите на претседателска дебата лице-в-лице, речиси еден месец пред изборите.

Дебатата во Сент Луис, Мисури, доаѓа откако повеќе високи републиканците ја повлекоа поддршката за Трамп по објавувањето на видео снимката во која милијардерот на недвижности кажува непристојни коментари за жените и се фали со однесување кое може да се квалификува како сексуален напад во 2005 година.

Републиканските сенатори, членови на Претставничкиот дом, гувернери, и поранешниот политички фигури го повикаа Трамп да се повлече од кампањата.

Клинтон ги нарече коментарите на Трамп "ужасни".

Милијардерот се извини за коментарите и вети дека ќе ја продолжи својата кампања за изборите на 8 ноември.

Тој, исто така, го нападна неговиот демократски ривал и нејзиниот сопруг поранешниот претседател Бил Клинтон кого го обвини исто така за малтретирање жени.

Поранешниот американски државен секретар Кондолиза Рајс, напиша на Фејсбук дека Трамп треба да се повлече, додавајќи дека таа "ќе поддржи некој кој има достоинство и углед за да се кандидира за највисоката функција во најголемата демократија на земјината топка."

Поранешниот гувернер на Калифорнија и актер Арнолд Шварценегер ги повика сите републиканците да ја повлечат својата поддршка за Трамп.

Сенаторот Џон Мекејн, кој беше кандидат на републиканците за претседател во 2008 година, издаде соопштение во кое вели дека нема да гласаат за Трамп, но не апелираше до него да се повлече.

Поранешниот гувернер на Њујорк, Џорџ Патаки,ја нарече кампања на Трамп "отровна мешавина на фанатизам и незнаење."

XS
SM
MD
LG