Достапни линкови

Во Будимпешта протести за затворањето на опозицискиот весник


Околу 2000 луѓе протестираа синоќа во Будимпешта против згаснувањето на најголемиот опозициски весник во Унгарија, Непсабадшаг, укажувајќи дека слободата на печат е во опасност. Компанијата,сопственик на весникот,која ја контролираат Австријци, соопшти дека го затвора листот поради зголемени загуби во работењето. Активистите за човекови права тврдат дека весникот е згаснаат зошто објавувал текстови кои били критични кон премиерот Виктор Орбан .Опозицијата за згаснувањето на весникот го обвини Орбан тврдејќи дека неговата партија Фидекс сака да ги контролира сите унгарски медиуми. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на Твитер напиша дека затворањето на весникот е згрижувачки преседан и оти тој се солидаризира со луѓето што протестираат.

XS
SM
MD
LG