Достапни линкови

logo-print

ОН:Русија со вето на резолуцијата за Алепо,одбиена и руската резолуција


Советот за безбедност на ОН го отфрли двете резолуции кои повикуваат на итен прекин на огнот во опколениот северниот сириски град Алепо. Русија стави вето на резолуцијата подготвена од Франција и Шпанија, за прекинување на сите воени летови, како дел од планот за прекин на огнот. По ова беше одбиена и руската резолуција со која се бара прекин на огнот, но не се споменуваат воените летови над Алепо. Овој предлог не успеа да добие минимум од девет гласови потребни за усвојување од страна на 15-члениот Совет. Руската резолуцијата доби четири гласови на поддршка, девет гласа против, а двајца беа воздржани. Стотици цивили се убиени со руските и воздушните напади на сириската влада врз бунтовниците во Алепо. Вашингтон повика на истрага за воени злосторства против Русија и режимот на сирискиот претседател Башар ал -Асад во врска со таргетирање на цивилни области во Алепо.

XS
SM
MD
LG