Достапни линкови

Владеачката партија води на изборите во Грузија


Владеачката партија на Грузија освои малку над 50 отсто од гласовите на парламентарните избори во земјата, според прелиминарните официјални резултати. Со гласовите од речиси 60 проценти од избирачките места Централната изборна комисија соопшти дека партијата Грузиски сон има 50,16 отсто од гласовите, додека опозицијата од Движењето на Обединетите нации е на второто место со 26,65 проценти. Грузиски сон прогласи победа на изборите речиси веднаш откако гласчките места беа затворени вчера поради што опозициските партии обвинуваат дека таа се обидува да ги "украде изборите." . Поради комплекните изборните закони во Грузија, финалниот состав на 150-члениот законодавен дом на земјата не може да се утврди до крајот на следниот месец.

XS
SM
MD
LG