Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Субвенции за енергетска изолација на домoвите


Со цел да се намалат трошоците за енергија, да се олесни загадувањето и да се намали скапиот увоз на електрична струја, СДСМ во својата предизборна програма најавува субвенции за изолација на домовите на граѓаните во износ од 20 проценти.

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на денешната пресс конференција рече дека новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект.

-Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена, рече Дамјан Манчевски

XS
SM
MD
LG