Достапни линкови

Промовирани нови 654 полициски службеници


Во Центарот за обука во Идризово денеска по едногодишна обука свечено беа промовирани новите 654 полициски службеници, од кои 143 се жени.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача да бидат бескомпромисни чувари на редот и законите, но и на професиналната чест и достоинството.

- Интегритетот не се гради со подмитливост, со поткупливост, со непочитување на законите или со селективна правда, со злоупотреба на должностите и службените овластувања или слични такви стандадри и вредности кои со години наназад ја доведоа Македонија до работ на амбисот, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, Спасовски рече дека досега во МВР се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица.

Тој потсети дека лани за 33 полициски службеници кои не беа примени на работа во МВР, поднел барање до Министерството за финансии за одобрување за нивно вработување

XS
SM
MD
LG