Достапни линкови

Поранешниот студентски лидер вработен во ЕЛЕМ?


Поранешниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски, на кој му заврши мандатот и ги спороведе последните контроверзни избори за негов наследник, на неопределено време е вработен како референт во ЕЛЕМ, според известувањето што го објави Студентскиот пленум.

Како што пишува во известувањето до кандидат кој е одбиен, што го објави Пленумот, Спироски е избран на јавниот оглас и ќе работи во Подружница ХЕЦ Треска во Скопје.

По контроверзните избори и носењето на гласачките кутии да се бројат во просториите на СПУКМ, наместо на факултетите, пред канцелариите на Студентскиот парламент интервенираше и Единицата за брзо распоредување.

XS
SM
MD
LG