Достапни линкови

Ураганот Метју однесе речиси 900 животи


Најмалку 887 лица загинаа а десетици илјади се раселени на Хаити поради ураганот Метју, кој губи на сила, но сеуште силен, денеска пристигна до американскиот југоисточен брег. Ураганот погоди поединечни подрачја покрај брегот на Атланскиот океан, при што градовите се поплавени, а патиштата отсечени. Во невремето на Флорида загинаа најмалку четири лица, а без струја останаа повеќе од милион семејства.

Околу 500 000 луѓе од градот Џексонвил на Флорида се евакуирани, а исто толку и на брегот на Џорџија. Во Јужна Каролина над 300 000 луѓе ги напуштиле своите домови, а според последните прогнози невремето би можело да го погоди и брегот на Северна Каролина. Поради невремето од средата на 5 октомври до денеска се откажани најмалку 5000 летови, а летови повторно се воспоставени во Мајами и на други аеродроми на југот на Флорида.

Националниот центар за урагани во меѓувреме го спушти „Метју“ од ураган од четврт степен, на бура од втор степен.

XS
SM
MD
LG