Достапни линкови

logo-print

Трамп им се извини на жените


Републиканскот претседателски кандидат Доналд Трамп им се извини на жените откако беше објавена видео снимка од 2005 година која покажува дека тој зборува со вулгарни термини за жените и се фали дека со жените може да направи се што сака, тој што е ѕвезда. "Погрешив, и јас се извинувам", изјави бизнисменот, додавајќи дека зборовите што ги користи во видео клипот "не ја одразуваат неговата вистинска личност". Државниот секретар Хилиари Клинтон, која се надева дека ќе стане прва жена претседател во историјата на САД, ги нарече неговите забелешки "ужасни", и рече: "Не можеме да дозволиме овој човек да стане претседател."Трамп пак наведе дека објавената видео снимка од пред десет години е свртување на вниманието, додавајќи дека неговата демократска ривалка Клинтон направила многу поголеми гревови кон жените.

XS
SM
MD
LG