Достапни линкови

logo-print

Косовскиот парламент го усвои законот за Трепча


Тензиите се високи меѓу Приштина и Белрад откако Косовскиот Парламент синоќа, во второто читање, го усвои законот за Трепча, големиот рударски комплекс кој се протега на границата со Србија.

Од 93 присутни пратеници, 79 гласале „за“, а 14 биле воздржани и ниту еден против.

По усвојувањето на нацрт-законот во првото читање, пратениците од Српска листа вчера ја напуштија собраниската сала. Маратонската седница почна во 10 часот, а по усвојувањето во првото читање, косовскиот парламент продолжи со работа и после полноќ, бидејќи за да биде усвоен, законот мораше да го мине и второто читање.

Со законот за Трепча се предвидува 80 отсто сопственост да има Владата во Приштина и влез на Владата во можни партнерства со приватниот сектор.

Косовските Срби ги блокираа патиштата и протестираа пред дебатата оваа недела во парламентот на Косово, а Владата во Србија ја предупреди Приштина дека се обидува да го присвои она што Белград го опишува како претпријатие во општествена сопственост.

XS
SM
MD
LG