Достапни линкови

Сопко- Пентагон да ги испита наводите за злоупотреба на пари во Авганистан


Американските владини набљудувачи побараа од Пентагон да ги објасни наводите за десетици илјади непостоечки војници на платниот список во Авганистанските безбедносни сили.

Платите се финансирани од меѓународните донатори. Во тие пари се и повеќе од 68 милијарди американски долари од Соединетите Американски Држави кои ги даваат од 2002 година за да се поддржи авганистанската војска и полиција.

Џон Сопко, специјален генерален инспектор за авганистанската реконструкција, во писмото до Пентагон наведува дека дел од парите може се потрошени со измама преку финансирање на така наречените „војници-духови“ во авганистанските безбедносни сили.

Тој ги наведува и извештаите во медиумите дека повеќе од половина од авганистанските безбедносни сили кои се на платниот список во провинцијата Хелманд не постојат, а дека платите исплатени за непостоечките војници одат кај корумпираните локални лидери. Тој наведува дека ваквите извештаи ги отвораат прашањата дали американската влада презема соодветни мерки за да ги заштити своите даночни обврзници од злоупотреби на нивните пари.

XS
SM
MD
LG