Достапни линкови

Финска и САД потпишаа договор за воена соработка


Финска и Соединетите Американски Држави потпишаа договор за соработка во одбраната со кој се зголемува воената соработка во време на наводни прекршувања на финскиот воздушен простор од руски борбени авиони.

Новиот договор е потпишан денеска во Хелсинки од американскиот заменик секретар за одбрана Роберт Ворк и финскиот министер за одбрана Јуси Нинисто.

Финска, која не е членка на НАТО, веќе соработува со Вашингтон преку воени вежби во воздух, копно и море. Со новиот договор ќе се продлабочат билатералните воени врски преку размена на информации и заеднички истражувања и развој во областите како сајбер одбраната и обуките.

Соседот на Финска, Шведска, која исто така не членка на НАТО, потпиша сличен договор со САД во јуни. Двете земји исто така потпишаа договор за воена соработка со Велика Британија претходно годинава.

XS
SM
MD
LG