Достапни линкови

logo-print

Груевски на средби во Њујорк


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамките на својата посета на САД заедно со партиска делегација во чиј состав се членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, во Њуjорк остварија средба со претседателот на советот за надворешна политика на САД Ричард Хас, соопштија денеска од владејачката партија.

На средбата Груевски ги афирмирал приоритетите на Македонија во однос на надворешната политика, при што ја искажал заложбата за членството во НАТО алијансата како стратешка определба, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го запознал соговорникот со деталите од мигрантската криза, со политичката состојба во државата како и со значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза.

Груевски претходно се сретнал и со претседателот на Американскиот еврејски конгрес Џек Росен, со Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на атлантскиот совет и со други претставници на невладини организации и конгресмени.

XS
SM
MD
LG