Достапни линкови

Ирак бара итна седница на Советот за безбедност


Багдад бара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради присуството на турски војници во северен Ирак. Портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи Ахмед Јамал вчера рече дека барањето го упатил ирачкиот амбасадор во ОН за „престапите и мешањето на турската страна“. Тоа вклучува и барање за резолуција со која ќе се стави крај на турската војска и како што е соопштено, непочитувањето на ирачкиот суверенитет и принципите за добрососедство.

Односите меѓу двете соседни земји се влошија откако минатата година Турција испрати војници во близина на ирачкиот град Мосул да ги обучуваат борците против Исламска држава.

XS
SM
MD
LG