Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања кој бегал од избори


ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја извртува вистината и аргументите кои покажуваат дека токму тие по секоја цена се обидуваат да избегаат од избори. Целокупното делување на партијата е во насока за минирање на веќе утврдениот датум за парламентарни избори, стои во пишаното соопштение од СДСМ.

Доказ за тоа, се посочува, се и последните постапки на пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија,пак, реагира обвинувајќи го СДСМ дека веќе не можеле да избегаат од избори и ќе се соочеле со народот

„Целата јавност беше сведок дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија“ стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на денешното пишано соопштение од СДСМ.

XS
SM
MD
LG