Достапни линкови

Заев:11 Октомври ги најавува промените во Македонија


Граѓански марш на СДСМ на 11 Октомври
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Граѓански марш на СДСМ на 11 Октомври

СДСМ, Сојузот на борци, уметници, новинари, активисти на 11 Октомври на граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, за да кажат „не“ на актуелната власт.

11 Октомври е симбол на борба за слобода и затоа протестниот марш кој има граѓански концепт се случува на овој датум, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека маршот ги најавува промените во Македонија. Мотото на иницијаторите на граѓанскиот марш, кои присуствуваа на прес конференцијата, е „Борбата продолжува, гласот победува“.

„Ова мото не обедини нас, иницијаторите на граѓанскиот марш рече Заев кој упати повик до сите граѓани, поединци и демократски партии да присуствуваат на маршот и да го прослават празникот. По 75 години од основањето на партизанските одреди денес нашето оружје е нашиот глас, кој вели „не“ за актуелниот режим“, рече Заев.

„Ве повикуваме на 11 Октомври за сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака. Граѓанската акција продолжува. Ние граѓаните склучивме сојуз, си го враќаме животот, ја враќаме слободата. 11 Октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание, на слобода. Затоа и маршот се случува на тој датум. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја, за граѓански глас. Ова е мојот мотив да ве повикам на маршот на 11 Октомври, што ги најавува промените во Македонија“, рече лидерот на СДСМ.

​Членката на Сојузот на борците на Македонија, Вера Бунтеска, изјави дека граѓаните на Македонија сакаат да живеат во држава во која ќе има правда за сите.

Сакаме да живееме во држава во која ќе има правда за сите и држава која ќе се нареди меѓу европските држави. Таква држава очекуваме, а не заглавена во минатото“, рече Бунтеска.

Музичарот Златко Ориѓански, изјави дека десетина години има замисла Македонија да стане нова, модерна, слободна држава.„Ова се десет пеколни години во Македонија, ние не сме научени да живееме во режим и диктатура. Македонија ако сака да преживее како држава и нација ќе мора да си ги побара своите даровити поединци да дадат нешто добро за оваа земја. Имам забелешки за македонската интелигенција, таа треба да ја повлече државата напред. Моја желба е да не се враќаме во 1994 година, да се отвориме кон сите внатре, па кон сите држави околу Македонија“, рече Ориѓански.

Новинарот Томислав Кежаровски рече дека зачудувачко е што во 21 век правото нa слобода нa изразување е доведено во прашање и оти новинарството во Македонија денес е во хаотична ситуација.

„Во Македонија нема слобода нa говор, има слобода нa омрaза. Секој обид дa се крикне прoтив едноумието влaстa го задушува“, рече Кежаровски.

Маршот ќе почне во 14 часот, на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG