Достапни линкови

Белорусија преговара со Иран за нафта


Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја преговара со Иран за снабдување со нафта.

Зборувајќи на седница на парламентот во Минск денеска тој рече дека се одвиваат разговори со Техеран во период во кој постојат разлики со Русија за увозот на нафта и гас. Разговараме со Иран кој е во потрага за места до кои ќе испорачува нафта и ќе ги намалат цените за нас, рече Лукашенко.

Тој додаде дека и наредил на владата да ги обнови проектите за балтички гасовод и за завршување на реновирањето на рафинеријата во северниот град Наваполатцк. Белорусија беше во спор со Русија за тарифата за транзитот на нафта. Лукашенко рече и дека Белорусија е отворена за дијалог со сите свои соседи, со Европската унија и со Соединетите Американски Држави.

XS
SM
MD
LG