Достапни линкови

Случај „Еразмус“ - Запрена истражната постапка за еден професор, за другите обвинение


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал денеска соопшти дека
до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднело Обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“.

Во соопштението се наведува и дека обвинителството ја запрело истражната постапка за лицето Т.Ф. ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

Другите осомничени од случајот „Еразмус“ , обвинителството ги товари дека врз основа на докази што го потврдувале, како што пишува, основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

„Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик“ пишува во соопштението на обвинителството.

Акцијата Еразмус беше спроведена во јуни, а вработените на Економскиот факултет се сомничеа дека земале поткуп од 500 до 1.000 евра за преодна оценки.

XS
SM
MD
LG