Достапни линкови

logo-print

САД и ОБСЕ бараат да се пронајдат нарачетелите на убиството на Политковскаја


Американскиот Стејт департмент побара од руските власти да ги пронајдат луѓето што го наредиле убиството во 2006 година на познатата руска истражувачка новинарка Ана Политковскаја.

Во соопштението објавено вчера, ден пред десетгодишнината од убиството, Стејт департментот наведува дека Политковскаја и други руски новинари од Северен Кавказ во последните дваесет години “се убиени во знак на одмазда” поради „нивните напори за откривање корупција, злоупотреби прекршување на човековите права“.

Постоечката неказнивост за овие нерешени убиства продолжува да ја поткопува слободата на говорот и почитувањето на правдата и човековите права во Русија, пишува во соопштението.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска рече дека е неприфатливо што десет години по страшното убиство на Политковскаја се уште не се откриени оние што стојат зад него.

Политковскаја, која беше критичар на претседателот Владимир Путин и известуваше за корупција во власта и кршењето на човековите права во Северен Кавказ беше убиена во Москва на седми октомври 2006 година.

Во 2014 двајца мажи беа осудени на доживотна казна, а тројца други на долги затворски казни поради вклученост во убиството. Таа беше убиена на роденденот на Путин што ги поттикна шпекулациите дека нејзиното убиство било „подарок“ за претседателот.



XS
SM
MD
LG