Достапни линкови

logo-print

Во Њујорк истрага за поставен банер со Путин на мостот во Менхетен


Полицијата во Њујорк е во потрага по оние што на мостот во Менхетен поставиле огромен банер на кој е претставен рускиот претседател Владимир Путин облечен во костум пред руското и сириското знаме и на кој пишува „Миротворец“. Полицијата веднаш го отстранила банерот и соопшти дека спроведува истрага по сторителите. Сличен инцидент на овој мост се случи и во 2014 година кога беше поставено огромно палестинско знаме.

XS
SM
MD
LG