Достапни линкови

Ураганот Метју на Хаити однесе најмалку 340 животи


Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се покачи на 340 луѓе, а спасувачките екипи за прв пат успеале да влезат во уништените крајбрежни градови. Се страхува дека таму повторно би можело да се појави смртоносната колера. Во меѓувреме, ураганот се движи на северозапад кон Соединетите држави. Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во Флорида, Јужна Каролина и Џорџија каде што е наредена евакуација на најмалку 3 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG