Достапни линкови

Џорџија нареди евакуација на два милиони луѓе


Гувернерот на американската сојузна држава Џорџија нареди евакуација на шест окрузи по должината на атланскиот брег, еден ден пред очекувањата на ураганот Метју да ја погоди земјата и да се движи низ источниот брег на САД. Џорџија им се приклучува на државите Флорида и Јужна Каролина во наредувањето на масовна евакуација во пресрет на најмоќната бура на атланскиот брег во повеќе од една деценија. Наредбата за евакуација важи за повеќе од два милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG