Достапни линкови

logo-print

Хелсиншки комитет поднесе кривични пријави против припадници на МВР


Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека поднеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство- Скопје против службени лица при Министерството за внатрешни работи, кои спречиле слободно собирање и изразување на протест на студентите.

Кривичната пријава е поднесена против раководните службени лица кои дале наредба и униформирани полициски службеници (припадници на Единицата за брзо распоредување) кои ја извршиле наредбата, прекршувајќи ги уставно загарантираните права на мирен собир и јавен протест гарантирани во член 21, велат од Хелсиншкиот комитет.

Во соопштението се вели дека на 30.06.2016 година, на поголемиот број факултети започнало гласањето за избор на претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (СПУКМ). Гласањето започнало без да бидат исполнети потребните услови за одржување на изборите односно без паравани, без ливчиња со печат или жиг за избор, без избирачки списоци, што е спротивно на член 26 и член 31 од Правилникот за спроведување на избори за Претседател на Студенски парламент на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ и факултетите членки на УКИМ. Студентите кои се членови на Студентски Пленум, неколку пати укажале на Деканската управа за овие неправилности.

За време на изборите повеќе пати бил прекршуван Статутот на Универзитетот и Правилникот за спроведување избори за Претседател на Студенски парламент. Така на пример, при гласањето на Правниот Факултет, гласачката кутија била насилно грабната од член на Изборната комисија кој бил придружуван од група на непознати лица кои не биле студенти, а се движеле на Кампусот на трите факултети и се упатиле кон седиштето на СПУКМ, стационарано во зградата на студенскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Кулминација настанала во 22 часот, кога пристигна Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со оклопни возила, кои тргнаале кон студентите што биле присутни пред влезот на просториите на СПУКМ во знак на протест. Полициските службеници од Единицата за брзо распоредување насилно влегле во просториите на студенскиот парламенти започнале да им нанесуваат удари со нога на студентите, за да го расчистат патот за лицата кои ги носеле гласачките кутии, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG