Достапни линкови

Јилдирим: Ирачката реакција на турското воено присуство е неразбиралива


Ирачката реакција на турското воено присуство во воената база „Башика“, северно од Мосул, е „неразбирлива“, а турските војници ќе останат таму за да гарантираат дека демографијата во регионот нема да се смени, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Турскиот премиер коментираше откако Ирак ја осуди одлуката на Турција за една година да го продолжи распоредувањето на околу 2.000 свои војници во северен Ирак.

Јилдирим изјави дека ирачката Влада ја минува границата со лошото зборување за Турција, која секогаш била присутна во регионот, а истовремено ги затвора очите за сите други држави кои на никаков начин не се поврзани со регионот.

„Ирачката реакција на турското воено присуство во базата Башика е необјаснива, истакна премиерот, додавајќи дека Турција сака да гарантира дека веќе нема да се пролева крв во регионот.

XS
SM
MD
LG