Достапни линкови

Напори за обновување на прекинот на огнот во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е подготвен да работи на резолуцијата за Сирија на Советот на безбедност на ОН, која беше подготвена од страна на Франција. Лавров зборуваше денеска по разговорите во Москва со францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро. Еро планира утре да се сретне со американски претставници во Вашингтон за да го дискутираат францускиот предлог, кој има за цел повторно да го воспостави договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Москва, кој пропадна на 19 септември. Лавров исто така рече дека Русија внимателно го проучувала предлогот на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

XS
SM
MD
LG