Достапни линкови

Авганистанските сили напредуваат против Талибанците во Кундуз


Авганистанските власти информираат дека безбедносните сили ги пoтиснале талибанските милитанти од јужниот дел на градот Кундуз, во битка која трае веќе четврти ден. Генералот Касим Јунгалбах којшто е полициски шеф на провинцијата Кундуз, денеска ги даде деталите за битката во северен Авганистан. Јужниот дел на градот Кундуз е стратешки за воздухопловните сили и е од витално значење за нивна логистичка поддршка. Портпаролот на армијата на САД во Авганистан, генерал Чарлс Кливленд изјави дека авганистанските командоси ги расчистувале, како што ги нарече „изолираните места на талибанскиот отпор“ во градот.

XS
SM
MD
LG