Достапни линкови

logo-print

Кривичен суд: СЈО со двојни аршини


Кривичниот суд информира дека за вториот предлог на СЈО кој се однесува на правно лице опфатено во предметот „Трезор“, судија на претходна постапка на 29.09.2016 година го добил предлогот од СЈО со кој обвинителството предлага мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правно лице и во законски утврдениот рок од 12 часа по добивање на предлогот, откако увидел дека предлогот е некомплетен, до СЈО доставил барање да се уреди конкретниот предлог на начин што ќе се наведат банките и трансакциските сметки на правното лице, бидејќи обвинителот во барањето изоставило да ги наведе.

Од судот соопштуват дека и од причини што барањето на СЈО гласело да се изрече забрана за користење и располагање со трансакциски сметки по член 202 ст.1 и 2 од ЗКП, како што го предложиле од СЈО, во суштина кога ќе се види законот ваква одредба не постои па од овие причини судијата побарал СЈО да се произнесе дали можеби бара привремено одземање на имот или предмети, бидејќи запирање на извршување на финансиски транскации е определено со членот 200 ст.7 од ЗКП, па судијата побарал од СЈО да се наведат точни

СЈО на 03.10.2016 година до судијата доставил одговор дека за претходно наведеното не се во можност да достават уреден предлог, но сега се повикуваат по член 200 ст.7 од ЗКП, иако претходниот предлог го поднеле по сосема друг член, од причини што наведуваат дека за барањето за податоци се обратиле до одредена банка од каде се уште не добиле одговор, а кога ќе ги добијат бараните податоци ќе поднесат уреден предлог по точниот член од ЗКП кој им го преточи судијата.

Во соопштението на судот исто така се вели: за двојните аршини на СЈО како и за нивното двојно постапување кон Основен суд Скопје 1 - Скопје ја информираме јавноста дека:

„по јавните прозивки на квази експерти и „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа го претворија правосудниот систем во шоу парада, а истите Основниот суд Скопје 1 - Скопје со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и квази експертите сама нека процени јавност зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по три пати ги враќа на нивна корекција како би можел да одлучи.“

XS
SM
MD
LG