Достапни линкови

Мистура: За два месеца Алепо може да биде целосно уништен


Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија ги повика Русија и режимот во Дамаск да не го уништуваат северниот град Алепо заради елимирањето на милитанти. Зборувајќи денеска во Женева, Стефан де Мистура предупреди дека областите под контрола на бунтовниците во источен Алепо за два месеца може да се соочат со „целосно уништување“ и со илјадници загинати цивили. Тој исто така се понуди лично да ги придружува околу 900 милитанти на фронтот Фатах ал-Шам, познат како Нусра фронт, да излезат надвор од градот ако тоа го запре бомбардирањето на Сирија и руските сили.

XS
SM
MD
LG